Кевин Пантер е јунакот на белградски Партизан. Во првиот натпревар од четвртфиналната рунда на кошаркарската Евролига, екипата на Партизан славеше минимална победа над Реал и тоа среде Мадрид со 89-87.

Во текот на целиот натпревар се водеше голема борба за секоја топка, секој кош, па ниту еден од тимовите не успеа да направи двоцифрена предност.

Така беше до последните секунди кога при водство на Реал 87-86, Пантер реализира тројка преку Јабуселе на 4.десетинки пред крајот за водство, а потоа и победа на Партизан со 89-87.

Со тој кој и вкупно 26, Пантер средбата ја заврши како најефикасен играч со два поени повеќе од Габриел дек кој за Реал посигна 24.

Партизан така поведе со 1:0 во победи во серијата подобар до три, која продолжива во четврток на исто место, со дуелот број два, по што ќе следуваат два натпревари во Белград.


И тимот на Макаби славеше победа на гостински терен со 79-67 кај францускиот Монако за водство од 1:0.

Утре ќе се одиграат првите средби од останатите два четвртфинални пара, во кои ќе се сретнат, Барселона – Жалгирис и Олимпијакос – Фенербахче.