Прекрасен натпревар одиграа кошаркарите на Партизан совладувајќи го Монако на гостински терен со резултат 84:88 во дуел од 33-тото коло во Евролигата.

Со оваа победа, Партизан практично го обезбеди пласманот во понатамошната фаза на ова натпреварување.

Почетокот на натпреварот им припадна на домаќините, кои со серија од 10:1 го принудија тренерот на црно-белите, Жељко Обрадовиќ да повика тајмаут. По него, Партизан успеа да фати приклучок и со 22:18 водство на Монако заврши првата четвртина.

Сензационалната игра на Партизан, предводена од Алекса Аврамовиќ во втората четвртина, им донесе предност од 35:42 на полувремето.

Одржувајќи го резултатот од полувремето, Партизан влезе во последната четвртина со предност од 7 поени.

Со добрата игра во последната четвртина, кошаркарите на Монако, приредија возбудлива завршница, но сепак домаќините не успеаја да надополнат негативата, па на крајот Партизан победи со 4 поени разлика.

Најефикасни играчи во победничката екипа беа Алекса Аврамовиќ и Зек Лидеј со по 22 поени, додека кај домаќините, но и на натпреварот Ели Окобо со постигнати 23 поени.

Во последниот натпревар на домашен терен ќе игра против очајниот сезонава против екипата на грчки Панатинакос.