Големо изненадување приреди тимот на Фрајбург, откако во самиот финиш дојде до победа над Баерн со што го елиминираше фаворитот број еден за титулата во германскиот куп.

Иако се почна според планираното за избраниците на Томас Тухел, па во 19.минута со голот на Упамекано дојдоа до водство, сепак работите не одеа според посакуваното.

Фрајбург брзо се врати преку Хофлер во 27-та минута изедначувајќи на 1-1.
Томас Милер имаше две големи шанси да ја врати предноста на Баерн пред паузата, но голманот на Фрајбург имаше своја вечер.

Нападите и офанзивата на Баерн продолжи и во второто полувреме, но сите удари завршуваа неуспешно.
Кога изгледаше дека натпреварот ќе оди во продолженија, младиот Германец, Мусијала беше невнимателен и играше со рака, па Фрајбург во 94-тата минута доби огромна шанса од пенал да го елиминира големиот фаворит.

Како врвен голгетер, Лукас Холер мирно го совлада Зомер за целосен шок кај навивачите на Баерн, а голема радоста на клупата на Фрајбург кои со овој гол се пласираа во полуфиналето на купот, каде претходно тоа го стори и екипата на Ајнтрахт со победата над Унион Берли.