Екипите на Висла Плок и Кил се пласираа во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони.

Полскиот претставник по голема драма и подобро изведување на пенали го елиминира францускиот Нант.

Откако првиот меч во Полска заврши нерешено, во реваншот во Франција, Висла ја делеа 17 секунди од победа, но примија гол, па влегоа во пенал „рулетот“.

Сепак, ракометарите на Висла имаа среќа, но и нерви па со 5-4, ја добија пенал серијата и се изборија за место меѓу осумте најдобри.

А, таму ќе игра и германскиот Кил, кој иако со гол во последните секунди загуби на домашен терен од Динамо Букурешт со 31-32, сепак Кил имаше огромна предност од првиот дуел што го доби со 13 разлика (41-28)

Кил во четвртфиналето ќе има тешка задача бидејќи игра против ПСЖ, додека Висла за противник ќе го има германскиот Магдебург.

Вечерва се играат и преостанатите два четвртфинални дуели во кои Веспрем против унгарскиот ривал Пик Сегед влегува со огромна предност од 13 гола (36-23), а во данската пресметка ГОГ ќе треба да надополни негатива од два гола (28-30) во дуелот со Алборг.

Победникот од унгарскиот дуел во четвртфиналето ќе игра против Килце, додека европскиот шампион Барселона го чека исходот од данското дерби.