Атина и Дики Бојаџи, Нико Нестор, Климе Савин, Ристо Бимби, се легендите на македонското пливање, а во „поновата“ историја на македонското пливање ги паметиме настапите на нашите олимпијци, Наташа Мешковска, Александар Маленко чии резултати и денеска вредат, како и маратонците, Теодора Раптис, Јане Карајованов, Томи Стефановски и за помладите генерации по познатиот Евгениј Поп Ацев.

Се сé тоа имиња кои потврдуваат дека Македонија од секогаш имала одлични спортисти, пливачи.

Во поново време и не можеме да се пофалиме во некои особени резултати, бидејќи ако не е така-наречената „вајлд карта“ ние и не би имале свои претставници на големите пливачки натпреварувања.

Но. Има надеж и тоа голема, сето тоа да се смени, па наскоро да видиме повеќе млади македонски на Европско, Светско првенство, па дури и Олимписки игри, кои ќе изборат настап, па макар и со „Б“ норма.

Еден од нив е Димитар Бошнаков.

15-годишниот член на ПК Скопје, со постигнатите резултати во изминатиот период најавува дека може да исплива времиња, кои ќе го одведат до големите натпреварувања.

Како потврда за тоа е неодамна одржаниот меѓународен натпревар „Делфин Куп“ во Скопје (минатиот викенд), на кој Димитар беше прогласен за најдобар пливач во категоријата 14 и 15 години (деца родени 2007 и 2008 година).

Бошнаков доминираше во своите дисциплини, па во слободен стил (краул) освои 6 златни медали во трките на 50, 100, 200, 400 и 800 метри, како и на 200 метри во апсолутна (сениорски) категорија.

Неодамна на меѓународен митинг во Словенија, во далеку посилна конкуренција, Димитар исто така освои неколку златни одличја, но тоа што импресионираше е начинот на кој го оствари тоа, оставајќи ги зад себе второ и трето пласираните натпреварувачи за повеќе од 3 односно 5 секунди.

Ваквите времиња, сигурно ветуваат дека од Бошнаков наскоро можеме да очекуваме и национални рекорди во сениорска конкуренција, иако веќе е рекорден на 100, 200 и 400 100.м слободно во конкуренција на постари јуниори, но што е поважно и времиња со кои би остварил норма за настап на големите натпреварувања.

Дека талентот на Димитар е препознаат говори и неодамнешниот договор за негова поддршка, која е дел од кампањата за општествена одговорност „Вложуваме во млади таленти“, а која ја имплементира Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, за што претседател на АСОМ, Васко Илијевски, ќе изјави –

„Димитар е првиот талент од областа на спортот поддржан во рамките на нашата кампања за општествена одговорност. Неговите одлични резултати, мотивираност и посветеност на пливањето беа една од главните причини кои не инспирираа да обезбедиме финансиска поддршка за овој исклучителен талент. Сметаме дека поддршката доаѓа во вистинско време бидејќи Димитар периодов напорно ќе работи на постигнување на олимписка норма за Олимпијадата во 2024 година“.

Што се однесува до самото натпреварување, на кое настапија 234 пливачи од 27 клубови од Македонија, Србија, Албанија и Косово, екипата на ПК Скопје беше убедливо најуспешната, со вкупно 38 медали од кои 39 златни, од кои дури 10 златни медали освои Сара Јанковиќ инаку и другарка на Димитар од училишните клупи.

Ова е само вовед за македонските пливачи таленти, како Димитар и Сара, но и Никола Ѓуретановиќ кој неодамна го собори рекордот на Александар Маленко стар 28 години, а за кои допрва sport+ logoќе пишува.