Екипата Барселона ја оправда улогата на фаворит и на тешкото гостување во Белград кај Партизан забележа победа. Во дербито на денот, а во рамките од 31.коло на Евролигата, Барселона го победи Партизан со 80-89.

Првото полувреме мина во израмнета кошарка, во кое двете екипи добија по една четвртина (21-15 и 24-19), па на полувреме домаќините заминаа со само еден поен предност (45-44).

Во второто полувреме. Барса отвори одлично и во 26-минута имаше и 12 поени предност (61-49). Таквата предност се покажа како решавачка, иако црно-белите неколку пати се закануваа да ја анулираат, но Барса искусно го приведе мечот кон крајот со конечни 80-89.

За партизан ова беше само втор пораз на последните шест натпревари, но црно-белите и натаму се во игра за плејофот.

Со оваа победа Барса се израмни со Олимпијакос и Реал Мадрид, кои пак утре ќе ги одиграат своите натпревари од оваа рунда.

Инаку Партизан, веќе во петок ќе го пречека „Кралскиот тим“.