Дека Шкотланѓаните се незгоден противник и нагазна мина, особено на домашен терен вечерва најдобро осетија Луиз де ла Фуенте и шпанската репрезентација, откако беа поразени од Шкотска со 2-0.

По деби победата на кормилото на ,,Фуријата” Луиз Де Ла Фуенте вечерва немаше одговор за одличната и полетна Шкотска која ги искористи сите шанси што им ги пружи противникот и со два гола од два шута во рамките на голот дојдоа до големи три бода за максимален ефект 2/2.

Уште во седмата минута Мек Томинеј доби одлична топка од капитенот Робертсон и со одличен шут го совлада Кепа за предност од 1-0.
До крајот на полувремето Шкотска уште еднаш силно се закани преку Рајан Кристи но неговиот удар заврши неколку сантиметри покрај голот.
Првата голема шанса за Шпанија ја имаше Хоселу кој со глава се закани, но Ангус Гун го скроти неговиот шут. Шпанија до крајот на полувремето се закани уште неколку пати, но сето тоа беше далеку од сериозна можност за изедначување, па на полувреме заминаа со гол негатива.

Шкотска мудро  се бранеше и одолеваше на нападите на Шпанија, а во 51-та минута МекТоминеј со вистинска мајсторија од 16 метри го остави Кепа немоќен за голема предност од 2-0
За МекТоминеј ова беше четврти гол на два натпревари, откако пред 4 дена два пати ја затресе и мрежата на селекцијата на Кипар.

Шпанија немаше решение а ниту замените на Луиз Де ЛА Фуенте не дадоа резултат па Шкотска ја сочува предноста од два гола и оствари голема победа за лидерска позиција на табелата.