Откако синоќа пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите обезбедија, Манчестер Сити и Интер, вечерва ќе ги дознаеме последните два патници меѓу осумте најдобри.

Реал речиси е сигурен четвртфиналист. Само чудо може да го спаси Ливерпул кој на гостувањето во Мадрид патува со негатива од 2-5 од првата средба на „Олд Трафорд“.

Пред реванш натпреварот во Мадрид, италијанскиот стратег Карло Анчелоти изјави дека нема да размислуваат за претходниот и ќе се фокусира на натпреварот што претстои.

Неговиот колега на спротивната страна Јирген Клоп, иако пред три недели „крена раце“, сега се предомисли и смета дека се додека има надеж на Ливерпул неговите избраници ќе се борат.

Во вториот натпревар што ќе се игра во Неапол, нашиот репрезентативец Ељиф Елмас и неговиот тим Наполи се на чекор до пласман во четвртфиналето. Тоа пред се благодарение на предност од 2-0 остварена на првиот натпревар во Франкфурт против Ајнтрахт.

Освен резултатот „Наполитанците“ ќе имаат предност да играат само пред своите навивачи, поради забраната издадена од италијанските власти за навивачите на „Орлите“.

Двата натпревари ќе започнат во стандардниот термин од 21 часот.