Ракометарите на Еурофарм Пелистер во последниот натпревар од групната фаза од СЕХА лигата на домашен терен го совладаа тимот на Нексе со 27:23. По убав почеток на клупата на битолчани новиот тренер Александар Јовиќ не можеше да посака.
„Ние одигравме добар натпревар против тим предводен од добар тренер. Во првиот дел не игравме добро во одбраната, но со енергија и емоција направивме разлика. Нашите голмани одбрани многу топки, меѓу кои и четири седмерци. Победивме и го обезбедивме второто место во групата. Овие победи треба да бидат наша рутина“,
изјави Јовиќ.
За тимот следен предизвик ќе бидат натпреварите од Купот на Македонија.