Неверојатен натпревар одиграа Анадолу Ефес и Реал Мадрид во рамките на Евролигата, кој им припадна на домаќините / гостите и тоа во самиот финиш.

Гостите од Мадрид го контролираа резултатот се до втората минута од третата четвртина кога водеа со 51-52.

Следуваше неверојатна серија на Ефес во која домашните кошаркари постигнаа шест тројки во низа, за да поведат со +17 (77-60). Но Реал не се предаде па со тројката на Јабуселе на 80.секунди пред крајот тие поведоа со 84-83.

Но, немаше Реал сили за комплетен резултатски пресврт па Ефес славеше со поен разлика 90-89.

Ова беше важна победа за двократниот европски првак Анадолу Ефес кој сега има скор 14-14 и е на една победа помалку од групата екипи кои конкурираат за влез во плејофот.

Реал пак останува на 2.место со една победа помалку од водечкиот Олимпијакос, и една повеќе од трето и четврто пласираните Барселона и Монако.