Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа 15.та победа во првенството откако во дуелот од 17.коло постигнаа победа на гостувањето кај Куманово со 88:68 (23:27; 17:14; 28:17; 20:10).

Со подобрата завршница во првата четвртина кошаркарите на домашната екипа остварија предност од четири поени. Кон средината на вториот период Куманово водеше и со +6 (34:28).

Но, кошаркарите на првакот МЗТ Скопје А. до крајот на првиот дел го намалија водството, а кон средината на третиот период гостите поведоа со +8 (55:47). До крајот на третата четвртина гостите веќе имаа и двоцифрена предност, која успеаја да ја зголемат предноста на дваесет поени.

Најефикасен на дуелот беше Андрија Марјановиќ од Куманово со 21 поен, додека во редовите на МЗТ Скопје А. пет играчи имаа двоцифрен број поени.

На вториот дуел одигран вечерва Кожув во Гевгелија го совлада тимот на ТФТ Моцарт со 82:72.

Утре се игра последниот дуел од оваа рунда Чаир е домаќин на Пелистер.

Табела: МЗТ Скопје А. 32 бода, Пелистер 29 (натпревар помалку), ТФТ 28, Еуро НИкел 28, Гостивар 28, Феникс 27, Работнички 26, Кожув 25, Куманово 21, ФМП 20, Чаир 19 (натпревар помалку), Струмица 19.