Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре го ограат последниот натпревар од групната фаза во регионалната СЕХА конкуренција.
Пелистерци за противник ќе ја имаат хрватската екипа Нексе Нашице, од која на гостувањето загубија со 29-25.
Новиот тренер Александар Јовиќ очекува овој еч да биде нов почеток и дека од оваа средба на секој нареден Пелистер ќе оди само на победа.
„Нè чека тежок натпревар со една одлична екипа, која преферира динамична игра. Од овој натпревар на секој натпревар ќе играме на победа. Она што го видовме во овој краток период ни дава до знаење дека имаме добри индивидуалци, кои треба да ги вклопиме во добар тим. За тоа треба и малку време. Од играчите барам лавовска борбеност и да го спроведат тоа што го тренираме овие пет дена. Битола е нај ракометен град и мислам дека во вторник ќе се покажеме во поинакво светло, со многу борбеност со подобар ангажман и од страна на играчите, и од страна на клупата”, вели Јовиќ,.
Натпреварот што ќе се игра во салата Боро Чокревски ќе започне од 18 часот