Aтрактивен фудбал, многу возбудувања и шанси, дуелот Челзи – Борусија Дортмунд ги оправда очекувањата.

Сините од Лондон влегоа со негарива од 0-1 од првиот дуел и успеаја да ја анулираат и со победа од 2-0 да се пласираат во 1/4.

Феликс и Хаверц уште во првите 10 минути сериозно се заканија и навестија дека Челзи ќе игра на се или ништо.
Борусија успеа да одговори преку Ројс во 18. минута но Челзи повторно ја презеде иницијативата

Хаверц беше најопасен по гостинскиот гол па најпрвин ја погоди стативата а потоа и постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
,,Сините” конечно го скршија мразот во преку Рахим Стерлинг во 43 минута за предност на полувремето од 1-0, со што беше анулирана негативата од првиот натпревар.

На самиот почеток на вториот дел Челзи доби пенал кој го изведе Хаверц кој повторно немаше среќа и ја погоди стативата. Сепак ВАР и судијата реагираа на непочитување на правилата од играчите на Борусија и пеналот беше повторен по што овој пат Хаверц беше сигурен за голема радост и предност од 2-0.

После ова ситуацијата на теренот целосно се смени и сега Борусија бркаше резултат.

,,Милионерите од Дортмунд имаа буквално се, од игра, инцијатива, шанси но ниту еднаш не го совладаа вечерва феноменалниот Кепа.

Токму Кепа во 95.минута со фантастична одбрана го одбрани ударот на Волф што беше последна закана кон неговиот гол, со што Челзи се пласираше во  четвртфиналето.