Bо спектакуларна атмосфера со огромен број гледачи на Рајко Митиќ стадионот во рамките на 24 коло од српската супер лига се одигра вечното дерби помеѓу Звезда и Партизан, кој со минимални 1-0 и припадна на Звезда.
Уште во самиот старт, по петтата минута Осман Букари одлично додаде и Алекс Виго реализираше за делириум на стадионот.
Звезда продолжи со силно темпо и преку Пешиќ во 32 минута повторно силно се закани, сепак неговиот удар го одбрани Александар Поповиќ.
Партизан полека почна да влегува во натпреварот и да бара изедначување, но Звезда беше непогрешлива во одбраната.
Многу тензии, прекини, жолти картони и црвен картон за играчот на Партизан, Рикардо Гомез беше причината за 11минути надополнување во второто полувреме.
Ниту 101 минута не беа доволни за Партизан да дојде до изедначување, па Звезда ја сочува предноста од 1-0 и ја зголеми предноста на табелата на +16.