Ракометарите на Алкалоид ја постигнаа втората победа во Супер лигата откако вечерва го совлада Охрид со 32:26 (14:14). Победникот беше решен во последните 12 минути, откако гостите од Скопје ги искористија своите шанси, а домашниот тим поради помалата ротација немаше сили за посилен отпор.
Почетокот на дуелот мина во знакот на домашните кои поведоа со 4:0, но брзо тимот на Кирил Лазаров се врати на вистинскиот колосек и со серија од 10-2 Алкалоид поведе со 10:6. Но, домашните вратија со серија од 6-0 за водство од 12:10. Во финишот на првиот дел при резултат 13:11 за Охрид, домашните не реализираа седмерец и контра преку Цицар за водство од три разлика. На крајот на првиот дел Шешиќ со звукот на сирената погоди за 14:14.
Вториот дел беше изедначен до средината односно додека избраниците на тренерот Горан Андоновски имаа сили. Последен пат резултатот беше изедначен 20:20, а охриѓани се потешко реализраа и Алкалоид по водството од 24:23 направи серија од 7-0 за највисоки 31:23 со што на навести третата победа во меѓусебните дуели со Охрид.
Кај Алкалоид 12 играчи се запишаа во листата на стрелците, а најефикасен со 5 голови беше репрезентативецот Петров.
Со овој триумф и поразот на Тиквеш од Бутел 24:28, Алкалоид се проби на третата позиција на табелата со 9 бодови, додека Охрид остана на шестото место со 3.