По победата на МЗТ Скопје Аеродром против ФМП Железник, четврта во АБА лигата, тренерот на аеродромци не го криеше задоволството во успехот, истакнувајќи пред се благодарност до навивачите за големата поддршка.

Ова е само мал чекор за нас. Има уште многу натпревари до крајот на сезоната. Сега е се отворено и не чека интересно продолжение во борбата за опстанок. Неверојатно е да си последен на табелата, а да имаш ваква поддршка од трибините, со голема позитивна енергија од навивачите, е нешто што претставува голема морална обврска, но и мотив да се прикажеме во најдобро светло“, изјави тренерот Николиќ по натпреварот.

Во следното коло МЗТ Скопје и гостува на Мега во сабота на 12 март.