Ракометарите на хрватскиот првак ППД Загреб останаа без пласман во нок аут фазата во Лигата на шампионите откако вечерва полската екипа Висла постигна минимална победа на гостувањето кај Порто со 28:27 и за еден бод го мина ППД Загреб на табелата. И другите два натпревара одиграни вечерва завршија со еден гол разлика. Европскиот првак Барселона го совлада Киелце како гостин со 32:31. додека бундес првакот Магдебург го победи Динамо Букурешт со 34:33.

Барселона е единствената екипа без пораз во групната фаза.

Табела А група: ПСЖ 24 бода (14 натпревари), Магдебург 20 (14), Веспрем 18 (14), ГОГ 15 (14), Динамо Букурешт 13 (14), Висла 9 (14), ППД Загреб 8 (14), Порто 5 (14).

Табела Б група: Барселона 27 (13), Киелце 22 (14), Нант 15 (14), Кил 15 (14) Алборг 13 (14), ПИК Сегед 11 (14), Цеље 6 (14), Елверум 3 (14).

Во осминафиналето ќе играат: Веспрем – ПИК Сегед, ГОГ – Алборг, Динамо Букурешт – Кил и Нант – Висла.

Директен пласман во четвртфиналето обезбедија двете првопласирани екипи од групите: Барселона, Киелце, ПСЖ и Магдебург.