Македонската кошаркарска репрезентација во Осло, попладнево против Норвешка ќе го одигра последниот натпревар во претквалификациите за ЕП 2025-година.

По поразот од Словачка пред два дена, нашите кошаркари против Норвешка ќе треба да го потврдат првото место во групата, единствено што носи пласман во главата фаза од квалификациите за Евробаскетот.

Но. благодарение победата на Данска над Норвешка во претходното коло, тој резултат и оди во пролог на македонската репрезентација бидејќи Норвежаните сега немаат ниту теоретски шанси да не загрозат на првата позиција.

Но, затоа тоа може да го сторат Словаците, кои доколку слават на гостински терен кај Данска ќе имаат ист 4 победи како и нас, но и подобар скор во меѓусебниот дуел, па тогаш Македонија ќе мора да слави победа над Норвежаните.

Евентуален пораз на Словачка би значел и сигурно прво место за Македонија.

„Ја испуштивме првата можност, во Левице имавме свои шанси, не ги искористивме. Си ја отежнивме работата, со оглед на тоа дека загубивме за прв пат во овие претквалификации. Но реков и тогаш по завршувањето на натпреварот дека најважно од се е дека сепак се зависи само и исклучиво од нас. Сами си ја кроиме својата судбина, и гледаме само како ќе одиграме против Норвежаните“
– вели Јончевски пред мечот во Арената „Нордстранд“.

Така прво ќе го чекаме исходот од мечот меѓу Данска и Словачка што ќе започне од 15:30 часот, по што ќе знаеме на што сме, пред мечот Норвешка – Македонија што ќе започне во терминот од 18 часот.

Табелата во пресрет на последното коло е следната: Македонија 9 бодови (4-1 победи-порази), Словачка 8 (3-2), Норвешка 7 (2-3) и Данска 6 (1-4)