Во Првата македонска фудбалска лига денеска на програмата се четири натпревари од 20.коло.
Дербито ќе се игра во Кратово каде петто пласираниот тим на табелата Силекс ќе го пречека актуелниот шампион и второ рангиран тим Шкупи.


Ова е исклучително важен натпревар за двете екипи. Домаќините ќе се обидат да останат во трка за третата позиција за која претендираат и Шкендија и Тиквеш, додека Шкупи има шанса за избие на првото место.


Ова откако вчера во воведниот меч од оваа рунда лидерот Струга Трим Лум одигра нерешено 0-0 со Македонија Ѓорче Петров, па стружани имаа само два бода повеќе од чаирчани.


Ќе ја искористи ли шансата Шкупи или Силекс ќе и направи голема услуга на Струга ТМ, но пред се себеси останува да видиме по натпреварот што ќе започне од 14 часот.


Во истиот термин стартуваат и останатите средби во кои ќе се сретнат:
ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА, РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА и СКОПЈЕ – ТИКВЕШ.

TАБЕЛА
1 СТРУГА Т.Л. 39
2 ШКУПИ 37
3 ШКЕНДИЈА 28
4 ТИКВЕШ 27
5 СИЛЕКС 26
6 БРЕГАЛНИЦА 22
7 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 21
8 РАБОТНИЧКИ 21
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 15
10 ПОБЕДА 13
11 СКОПЈЕ 12

Дербито меѓу Силекс и Шкупи можете да го гледате ВО ЖИВО на МРТ1 или ОВДЕ.