Одличен натпревар, со многу возбудување и поделба на бодовите одиграа градските ривали, Реал и Атлетико Мадрид.
Иако 78 минути не видовме гол, сепак набрзина паднаа два на двете страни, за конечни 1-1.
Реал имаше повеќе од играта, дури осум пати се закани кон голот на Јан Облак во првиот дел, но сето тоа недоволно за да ја затресе мрежата на Словенецот.
Со исто темпо се продолжи и во вториот дел, а дополнително се искомплицира работата за Атлетико кога Кореа направи глупост и во 64-тата минута го удри Рудигер без топка, што го забележа главниот судија и го испрати офанзивниот играч на Атлетико на предвремено туширање
Кога изгледаше дека Реал полесно ќе дојде до посакуваниот гол, Атлетико одлично се бранеше, па во 78-та минута по одличен центаршут од слободен удар на Антоан Гризман, Хименез беше највисок во шеснаесетникот на Курота и го доведе Атлетико во водство.
НА сличен начин, овој пат по центаршут на Модриќ од корнер, Родригез го врати Раал во натпреварот.
Избраниците на Анчелоти нападнаа со сите сили до крајот на натпреварот, но Атлетико го правеше она што најдобро знае, да се брани, па резултатот остана непроменет и двата тима мора да се задоволат со по еден бод.