Тимот на Пeп Гвардиол мини кризата и двата нерешени натпревари ја прекина со убедлива победа од 1-4 на гостувањето кај Борнмут.

Јулијан Алварез во 15. минута ја отвори гол серијата на Манчестер Сити, откако претходно Халанд ја погоди пречката. Норвежанецот 14 минути подоцна, во 29-тата минута беше попрецизен и го искористи додаваањето на Фолден за да зголеми на 0-2.
Асистентот на вториот гол, Фил Фолден во 45-тата минута се запиша во листата стрелци за убедливи 0-3 на полувреме.
За агонија на Борнмут да биде поголема се погрижи нивниот одбранбен играч Крис Мефам кој во 51-та минута ја затресе сопствената мрежа.

До крајот на натпреварот Џеферсон Лерма во 83-тата минута успеа да го ублажи поразот поставувајќи ги конечните 1-4.

Со оваа победа Сити дојде до 55 бода, два помлаку во однос на  Арсенал кој е на челната позиција во Премиер Лигата со 57 бода и натпревар помлаку во однос на ,,Граѓаните”