Вечерва се играат реванш натпреварите од 1/16  во вторoто по ранг европско клупско првенство, Лигата на Европа.
Иако во речиси сите натпрeвари, патникот во следнaта фаза ќе се решава вечерва, сепак вниманието на јавноста ќе биде насочено кон ,,Олд Трафорд”, каде ќе се соочат старите познаници и ривали, Манчестер Јунајтед и Барселона.

На првиот натпревар на ,,Камп Ноу” уживавме во одличен натпревар со пресврт, тешка борба и четири погодоци. Двата тима се во одлична форма и доаѓаат со победа на последните два натпревари во шпанска Примера и англиската Премиер Лига. Двајцата тренери најавија максимален пристап што навестува одличен натпревар и вечерва.

Натпреварот почнува во 21:00 часот, а главен судија на натпреварот ќе биде Французинот, Турпин.

Интересно ќе биде и во Нант, Франција, каде ќе се сретнат Нант и Јувентус. Првиот натпревар во Торино, заврши без победник 1-1, па двата тима вечерва почнуваат буквално од нула.
Овој натпревар почнува во 18:45, а главен судија е Шпанецот, Санчез.

Вечерва на програмата се уште шест пресметки:

Со почеток во 18:45 се играат:
Монако – Баер Леверкузен (3:2)
Мидјеланд – Спортинг (1:1)
ПСВ – Севиља (0:3)

во вечерниот термин од 21:00 часот ќе се соочат:
Рома – Салзбург (0:1)
Рен – Шахтар (1:2)
Унион Берлин – Ајакс (0:0)