Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, попладнево во Левице ќе го одигра претпоследниот натпревар во претквалификациите за ЕП 2025 година.

Со четири победи и без ниту пораз нашата репрезентација влегува во последниот „прозорец“ од овие претквалификациите, на првата позиција на табелата со цел да остане таму и да обезбеди пласман во следната рунда.

Остануваа уште два натпревари со Словачка и Норвешка, директните конкуренти за првото место, единствено што носи пласман во главната фаза од квалификациите.

Математички, доволна ни е само една победа за сигурно да бидеме први или пак да не бидеме поразени од Словаците со повеќе од пет поени разлика, а Норвешка да загуби од последно пласираната Данска која досега нема ниту една победа.

Пораз од Словачка, за црвено-жолтите би ја искомплицирала ситуацијата, бидејќи за три дена македонската репрезентација ќе гостува во Осло кај Норвешка. Тогаш избраниците на селекторот Јончевски ќе мора да бркаат победа над Норвежаните.

Во случај на два порази на Македонија, како и две победи на Словачка и Норвешка, трите репрезентации би завршиле со ист скор (4-2), што ќе претпостави мини табела во која ќе се сметаат само резултатите постигнати на натпреварите во дуелите на овие три селекции.

Математики многу, но наједноставната за нас е победа на Македонија и сигурен пласман на првото место.

Денешниот дуел меѓу Словачка и Македонија ќе стартува од 18 часот, а еден час подоцна (19) ќе започне и средбата меѓу Данска и Норвешка.