Целта на македонските кошаркари во последните два меча од претквалификациите за ЕП 2025 е јасна – победи и задржување на првото место во групата.

Противниците кои ни се директни конкуренти за првата позиција си имаат свои математики, но во нашиот табор, не размислуваат за нивните , туку за нашите.

„ Ќе одиме чекор по чекор. Секој од нас овде верува дека ќе ги добиеме двете. Прво мислиме на првата, со Словачка. Се знаеме какви екипи сме и од порано со нив. Секој од момците верува тука дека можеме да го направиме тоа, затоа досега чекориме сигурно кон посакуваната цел“, вели Кристијан Николов.

Нашата селекција е прва на табелата со максимални 8 бодови (4-0 победи-порази), додека нашите следни противници Словачка и Норвешка имаат по две победи помалку 6 бодови (2-2), а Данска е последна и без шанси со ниту еден триумф 4 (0-4),

Натпреварот меѓу Словачка и Македонија започнува од 18 часот.