-Останува да анализираме, онака, што се вели со ладни глави, вели селекторот

Александар Јончевски, селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, по поразот од Словачка, делумно вината ја бара кај судиите и не изедначениот критериум кој го имале арбитрите.

„Факт е дека лошо го отворивме натпреварот, но и тоа дека некако се вративме во игра, и да поведеме. Меѓутоа од една непромислена, намерна лична грешка, во еден посед примивме дури шест поени, доволно Словачка да го врати водството. Во третата четвртина, не игравме така лошо, креиравме и имавме пет-шест отворени шутеви, но не ги искористивме, а Словачка нè казни преку расположениот Крајчовиќ, потоа и Бродзијански. Но неколку одлуки, очигледни прекршоци, влијаеа на нашата концентрација. Со неуедначен критериум при досудување на личните грешки, во кои на наши реакции добивме две технички грешки, на клупа и на тренер. Останува да анализираме, онака, што се вели со ладни глави, и да одиме понатаму, кон Осло. Се заедно гледано, овде во Левице, имавме свои шанси кои не успеавме да ги реализираме“, изјави Јончевски за официјалната веб страна на федерацијата.

Иако црвено-жолтите се вратија во игра во финишот на мечот, сепак немаа доволно сили да направат и комплетен резултатски пресврт.

„На крајот на натпреварот, некако се се сведе на оној момент , кога при негатива од седум не успеавме да ја намалиме на потребните четири. Секако, многу порано го испуштивме чекорот со кој требаше да одиме кон успех, многу порано, на крајот на втора и цела трета четвртина“- селекторот по првиот пораз во претквалификациите.

По шест одиграни кола, Македонија останува прва на табелата во групата „Д“, сега со ефект од 4победи и 1пораз, пред Словачка која заостанува една победа (3-1).

Македонија во недела, од 18.часот, и гостуваме на Норвешка, и во Осло и само со победа ќе го потврди првото место, во спротивно ќе треба да се надева на пораз на Словачка која гостува кај Данска .