Торинскиот гигант, Јувентус одигра многу подобро од првиот натпревар и со убедливи 0-3, го елиминираше францускиот тим, Нант.

,,Старата Дама” тргна силно уште од самиот старт, а по само пет минути игра, Аргентинскиот виртуоз, Анхел Ди Марија со прекрасен гол донесе предност од 0-1.
Само 15 минути подоцна, во 20-тата минута, Ди Марија повторно ја затресе противничката мрежа, овој пат по мирна реализација на ударот од 11 метри, на кој му претходеше катастрофалната реакција на Никола Палоис, кој со лош потег и намерно играње со рака, заработи и црвен картон, па Јувентус доби двојна награда, пенал и играч повеќе.

Алегри подготви ист ритам и во второто полувреме, а тоа го навести со уфрлањето во игра на Душан Влаховиќ и Хуан Квадрадо.
Јувентус напаѓаше и создаваше шанси, а Анхел Ди Марија својата одлична вечер ја заокружи со хет-трик во 78-та минута, кога при одлична акција, со глава го совлада противничкиот голман.

Со вкупен резултат 4-1, Јувентус се пласираше во осминафиналето на Лигата на Европа