Кипарскиот претставник во Конференциската Лига, тимот на АЕК Ларнака успеа да ја одбрани предност од првиот натпревар против Днипро (1-0) и во вечерашното реми без голови да се пласира во 1/8.

Днипро влезе во натпреварот со императив победа па оттаму уште од самиот тргна напаѓачки. Уште во осмата минута Олександер Пикхалионок се закани со одличен удар од далечина, но неговиот удар заврши само во надворешниот дел на стативата.

АЕК успешно се бранеше и одолеваше на сите напади на Украинскиот тим, следна голема прилика за Днипро беше во 52-та минута кога Преглов повторно со удар од далечина се закани кон голот на АЕК, но овој пат Кенан Пириќ беше на висина на задачата и го одбрани својот гол.
Днипро уште неколку пати се закани, но безуспешно, па АЕК Ларнака на крајот се радуваше на пласман во следната фаза.

Македонскиот интернационалец, Иван Тричковски кој е член на АЕК Ларнака, остана на клупата за резерви и не доби прилика за настап.