Дуелот во Милано каде Интер ќе го пречека Порто, разбирливо провлекува поголемо внимание во однос на оној во Лајпциг.

„Нерацурите“ се во одлична форма со четири победи на последните пет натпревари, додека португалскиот гигант има беспрекорна „петка“ во последните натпревари.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги изјави дека не го потценува Порто, но дека Интер е во одлична форма и очекува победа.

„Знаеме колку се важни овие натпревари во нокаут-фазата. Да се потсетам на претходниве 2 години на дуелот против Реал Мадрид и Ливерпул или тие со Баерн Минхен и Барселона оваа година. Кога Челзи го освои трофејот пред 2 години, Порто беше тој што го победи во Лондон. Имаат 10 победи по ред оваа сезона, но сега ќе играат против најдобра верзија на Интер. На вечерашниот натпревар треба да играме со срце, но најважно да мислиме со умот. Таму се прави разликата“, вели Инзаги.

Натпреварот во Милано започнува во стандардниот термин од 21 часот.