Во пресрет на првата осминафинална пресметка меѓу Лајпциг и Манчестер Сити во кој двата тима влегуваат со свои калкулации, тренерот на популарните „граѓани“, Пеп Гвардиола, куртоазно одговараше на новинарските прашања.

На официјалната прес-конференција пред натпреварот, Гвардиола изјави дека неговиот план е да одат понатаму во следната фаза од Лигата на Шампионите.

„Сонот е да одиме понатаму, да изиграме добар меч и да поминеме во четврт-финалето. Лигата на Шампионите е одлично натпреварување. Одиме во Германија со цел да покажеме убава игра на нов стадион, нова култура во Германија каде стадионите се убави и луѓето добри“, истакна Гвардиола.

Манчестер Сити важи за фаворитот во овој натпревар, но фудбалот е непредвидлив и може да се очекува изненадување од страна на домаќинот.

Останува да видиме што ќе донесе натпреварот во Лајпциг кој започнува од 21 часот.