Скопската општина Аеродром вечерва ќе прославува не еден туку два трофеи и тоа од кошаркарскиот Куп на Македонија.

Ова откако прво женскиот, а потоа и машкиот тим на МЗТ Скопје Аеродром победија во финалните натпревари на годинашното издание на Купот на Македонија.

Актуелниот шампион  МЗТ Скопје вечерва во финалето го надигра Феникс со 89-73.

МЗТ победата ја најави уште во првиот период во кој оствари двојна предност (28-14). Иако во продолжението Феникс се обидуваше со сите сили да ја анулира негативата, сепак шампионот не дозволи изненадување. Најефикасен во победничката екипа беше Мичовиќ со 20 додека Војдан  постигна 15 поени.

Во поразениот тим најпрецизни беа триото ветерани: Трајковски 22 ,  Димчевски 21 и Јаневски си 15 поени.

Признанието МВП (најкорисен игран) го понесе Војдан Стојановски.

За МЗТ Скопје ова е 11-ти трофеј во Купот, со што аеродромци сега се сами на вечната листа со еден пехар повеќе во своите витрини од големиот градски ривал Работнички кој има 10 трофеи од ова натпреварување.

ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД ФИНАЛЕТО (фото МКФ)