Фудбалерите на Ливерпул остварија гостинска победа на теренот на Њукасл од 2:0 и со тоа најавија дека се враќаат во форма во пресрет на дуелот од Лигата на шампионите со Реал Мадрид. На гостувањето кај една од најдобрите обрани на во Премиер лигата „црвените“ работата ја завршија за седум минути и ја постигнаа третата гостинска победа.

Ливерпул поведе со голот на Дарвин Нуљез во 10.минута, а седум минути подоцна Гакпо реализираше за 2:0 што се покажа како конечен резултат. Уште еден од клучните моменти беше исклучувањето на голманот на Њукаскл Поуп во 22.минута. Тој играче надвор од шеснаесетникот со рака по дегажирањето на Алисон кон Салах, кој имаше отворен пат кон противничкиот гол.

До крајот на првиот дел Њуксал имаше пречка, а Алисон среќа.

Во вториот дел беше многу помирно, а Алисон имаше уште една одбрана со што ја зачува својата мрежа. Голманот на Ливерпул одбрани два зицера еден при 0:0 и еден да го одржи водството на својот тим.

Проблем за Ливерпул може да биде повредата на Нуњез, поради која Клоп мораше да го замени.

Со трите бода Ливерпул со 35 се изедначи на табелата од седмото до деветтото место со Брајтон и Бренфорд. Њукасл со 41 бод остана на четвртото место на табелата.