Ракометните лигаши од плеј аут лигата денеска го одиграа комплетното второ коло. Ракометарите на Скопје 2020 ја забележаа и втората победа откако на домашен терен го совладаа тимот на Прилеп со 24:22.

Триумф на домашен терен оствари и Голден Арт откако со 30:25 го совлада тимот на Јуниор Кисела Вода.

Без победник заврши дуелот во Радовиш меѓу истоимената доашна екипа и Вардар Неготино 21:21, додека на гостинска победа се радуваа ракометарите на Куманово со триумфот против Струга од 27:22.

Табела: Скопје 2020 8 бодови, Куманово 7, Голден Арт 6, Прилеп 5, Вардар Неготино 4, Струга 3, Радовиш 2, Јуниор Кисела Вода 0.