На трите натпревари одиграни вечерва од 12.коло победија домашните екипи, а во директниот дуел за второто место во групата бундеслигашот Магдебург го совлада унгарски Веспрем со 32:25. Со две добри полувремиња ПСЖ го „скрши“ отпорот на Динамо Букурешт и славеше победа со 33:26.

Пресврт победа оствари унгарски ПИК Сегед во дуелот со бундеслигашот Кил 36:33, а на полувреме Кил водеше со 17:14.

Поради проблемите со авиосообраќајот вчера екипата на ППД Загреб не стигна во Порто, па овој дуел ЕХФ го одложи.

На вчера одиграните натпревари: Цеље – Барселона 28:27, Нант – Елверум 42:36, Киелце – Алборг 33:28, ГОГ – Вилса 31:24.

Табела А група: ПСЖ 20 бодови, Магдебург 16, Веспрем 16, ГОГ 13, Динамо Букурешт 11, ППД Загреб 8, Висла 7, Порто 3.

Табела Б група: Барселона 23, Киелце 20, Нант 14, Кил 12, ПИК Сегед 10, Алборг 9, Цеље 6, Елверум 2.