Продолжува лошата сезона за ,,Старата Дама” во европските купови оваа сезона. По елиминацијата од групната фаза од Лигата на Шампионите, Јувентус на домашен терен одигра само 1-1 против Нант.
Иако се почна добро за избраниците на Макс Алегри, па веќе во 13-тата минута, Федерико Киеза асистираше, Душан Влаховиќ реализираше за предност од 1-0.
И покрај раната негатива, Нант се консолидираше и не му дозволи на Јувентус да создаде поосетна предност, па на полувремето змаинаа со 1-0. Во вториот дел Јувентус имаше повеќе од играта и прв се закани преку Ди Марија, но Албан Лафонт успешно го скроти неговиот удар.
Гостите од Франција почнаа да притискаат, а сето тоа резултиреш со изедначувачки погодок на Лудовик Блаз во 61-та минута, за разочарување на преполната Јувентус Арена.
Само две минути по примениот гол, Старата Дама имаше прилика експресно да се врати во водство, но ударот на Федерико Киеза заврши во пречката. Алегри до крајот на натрепварот се обиде со повеќе измени да наметне ритам, но Нант успешно се бранеше за на крајот разочарувачки 1-1 за навивачите на Јувентус
Тимот на Севиља пак за разлика од Јувентус, беше на висината на задачата и на домашен терен против ПСВ заврши голем дел од работата за пласман во следната фаза.
Избраниците на Сампаоли славеа со убедливи 3-0 со головите на Ел Несури во 45-тата, Окампос во 50-тата и на Гудељ во 55-тата.