Европскиот шампион Барселона успеа да стигне до голема победа 28:27 на гостувањето во Словенија против Цеље Пивоварна Лашко откако со голот на Гомез Абељо на 14 секунди до крајот дојде во прво и единствено водство.

Во последниот напад првакот на Словенија преку Тадеј Мажеј имаа шанса да изедначат, но голманот на Барса Нилсен одбрани. Инаку, домашниот тим водеше во текот на целиот натпревар.

Вечерва се одиграа уште и натпревари од 12.коло: Нант – Елверум 42:36, Киелце – Алборг 33:28, ГОГ – Вилса 31:24.

Утре играат: ПИК Сегед – Кил, Магдебург – Веспрем, Порто – ППД Загреб и ПСЖ – Динамо Букурешт.

Табела А група: ПСЖ 18 бодови, Веспрем 16, Магдебург 14, ГОГ 13, Динамо Букурешт 11, ППД Загреб 8, Висла 7, Порто 3.

Табела Б група: Барселона 23, Киелце 20, Нант 14, Кил 12, Алборг 9, ПИК Сегед 8, Цеље 6, Елверум 2.