Првакот на Англија Манчестер Сити со победата од 3:1 над досегашниот лидер на табелата во Премиер лигата Арсенал изби на првото место. Арсенал е сега во серија од три натпревари без победа, а во меѓусебните дуели со Манчестер Сити на 14 натпревари немаат победа во Премиер лигата.

„Граѓаните“ по грешката на одбраната на Арсенал поведоа преку Кевин Де Бруин во 24.минута, а домашниот тим изедначи во финишот на првиот дел со удар од белата точка по фаулот на голманот Едерсон. Сигурен реализатор на пеналот беше Сака во 42.минута.

Гостите од Манчестер поведоа повторно во 72.минута преку Џек Грилиш, а конечните 1:3 на „Емирати“ го постави Ерлинг Халанд во 82.та минута.

Со натпревар повеќе, но подобра гол разлика Манчестер Сити е прв на табелата со 51 бод, Арсенал е втор со ист број бодови, на третата позиција е Манчестер Јунајтед со 46 бодови. Њукасл е на четвртото место со 41 бод.