Фудбалската јавност во Саудиска Арабија во транс, Кристијано Роналдо постигна дури ЧЕТИРИ ПОГОДОЦИ. Првата фудбалска ѕвезда нa Ал Наср конечно го покажа вистинското лице и за 60 минути четири пати ја затресе противничката мрежа.

Португалскиот ас стрела го отвори резултатот во 21-та минута, за да во 41- та зголеми на 2-0. Роналдо продолжи во ист ритам и во второто полувреме а веќе во 53-тата минута имаше хет-трик зад неговото име, прво вакво достигнување откако пристигна во Саудиска Арабија.

Четвртиот погодок на натпреварот, Кристијано Роналдо го постигна во 61-та минута.

На овој натпревар Португалскио aс ја проби границата од 500 лигашки погодоци, сега зад неговото име има 502 погодоци во лигите во кои настапувал. (Португалија, Англија, Шпанија, Италија и Саудиска Арабија)