Српскиот напаѓач во редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ имаше одлична вечер постигнувајќи два гола и асистенција во победата на Јувентус кај Салернитана со сигурни 0-3.

Јувентус успеа да го поправи лошиот период во кој се наоѓа, во кој доби казна од 15 поени, загуби во дербито со Наполи, а во претходното коло на домашен терен загуби и од Монца. Вечерва избраниците на Макс Алегри беа доминантен тим на теренот и сосема заслужено дојдоа до лесна победа.

Резултатот го отвори Влаховиќ кој во 26-тата минута го реализираше ударот од 11 метри. Српската врска во Јувентус, Влаховиќ – Костиќ профункционира во 45-тата минута кога Душан асистираше а Филип Костиќ погоди за 0-2 на полувреме.

Влаховиќ повторно ја затресе мрежата во 47-та минута за високи 0-3, резултат кој на крајот остана и кончен.

Јувентус со оваа победа успеа да ја поправи состојбата на табелата и да дојде до 26 бода, што во моментов е доволно за десеттата позиција