Леброн Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на НБА лигата откако ноќеска на дуелот против Оклахома Сити реализираше 38 поени и го мина Карим Абдул Џабар на листата на најдобри стрелци во НБА лигата. Џејмс реализираше 38 поени и сега има 38.390 поени, додека Џабар беше најдобар досега со 38.387 поени.

На крајот од третиот период 10.9 секунди Џејмс реализираше два поена со што означи дека е најдобар стрелец. Натпреварот беше во прекин извесен период за да му се одаде признание на новиот најдобар стрелец во историјата на кошарката.

Самиот натпревар против Оклахома Сити го следеше и Џабар.

Леброн Џејмс досегашните 38.390 поени ги има постигнато како играч на Кливленд, Мајами и Лос Анџелес Лејкерс.

Инаку, неговот тим го загуби дуелот со Оклахома Сити со 133:130.