Првакот на Азија, Ал Хилал од Саудиска Арабија е првиот финалист на Светското клупско првенство што се одржува во Мароко.

Во првиот полуфинален натпревар одигран вечерва, Ал Хилал направи големо изненадување и го елиминира јужно-американскиот шампион Фламенго совладувајќи го со 3-2.

Во првото полувреме, Ал Хилал веќе имаше предност, со двата гола од пенал на Ал Давраси, првиот во 4-минута, а вториот во 9-тата минута од судиското дополнение (45+9). Згора на тоа бразилскиот клуб остана и со играч помалку откако Гарсон го заработи втор жолт картон.

Таквата предност Ал Хилал ја искористи па со голот на Аргентинецот, Лучиано Вието во 70-тата минута дојде и до два гола предност (3-1).

Педро кој во 20-тата минута израмни на 1-1 во 92-та го постигна и вториот гол, за конечни 3-2.

Со ова Ал Хилал му се реваншира на Фламенго за елиминацијата во полуфиналето на турнирот пред три години кога Бразилците славеа со 3-1.

Кој ќе биде противник на Ал Хилал во финалето ќе дознаеме по утрешниот полуфинален дуел меѓу европскиот шампион Реал Мадрид ќе треба да ја потврди фаворитската улога во дуелот со Африканскиот вице-првак Ал Ахли од Египет.