Победата ја посветувам на сите кои ми посакаа среќа во МЗТ

По тешко извојуваната, но сосема заслужена победа над фаворизираната Цедевита Олимпија, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром

„Мислам дека и порано на одредени натпревари заслужуваме победа. Но, сигурно не на онаа претходната. Се надевам дека повредите и болестите се зад нас и дека конечно ќе играме како што посакувам, иако сеуште мислам дека одредени работи ни недостасуваат. Победата ќе ја посветам на сите оние кои ми посакаа успех при моето доаѓање на кормилото на МЗТ, како и на нашите верните навивачи, за кои нетреба да се повторувам се прекрасни.“, изјави по натпреварот тренерот на аеродромци, Драган Николиќ.

Николиќ не заборави индиректно да апелира до федерацијата (МКФ), но и до македонските ривали, да имаат разбирање за ситуацијата во која е МЗТ со згуснатиот распоред, пред се поради големата обврска што ја имаат аеродромци достојно да ја репрезентираат македонската кошарка во регионалното натпреварување.

МЗТ во понеделник го очекува вечното дерби со Работнички за кое Николиќ смета дека како и секо друго дерби ќе биде неизвесно и дека од двата табора ќе направат прекрасен кошаркарски амбиент на кој сите ќе се сеќаваат.