Иако 13-тата рунда од кошаркарскиот шампионат на Македонија, што започна минатата среда, ќе биде комплетирана дури денеска, со натпреварот Работнички – Пелистер од 17 часот, веќе е одреден и терминот за вечното кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Поради обврски во АБА лига и средбата против Цедевита Олимпија закажана за во сабота во СЦ „Јане Сандански“ од 17 часот, дерби дуелот од 14-тата рунда, меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе се игра во понеделник во терминот од 20 часот.

Останатите четири средби од ова 14-то коло, на програмата се во сабота и недела.

КОШАРКА МАЖИ – ПРВА ЛИГА – 14.КОЛО

САБОТАКОЖУВ–КУМАНОВО18:00 ч
 ТФТ–ГОСТИВАР18:00 ч
НЕДЕЛАЕУРО НИКЕЛ–ЧАИР18:00 ч
 ПЕЛИСТЕР–Академија ФМП18:30 ч
 ФЕНИКС–СТРУМИЦА20:00 ч
ПОНЕДЕЛНИКМЗТ СКОПЈА А.–РАБОТНИЧКИ20:00 ч