Жозе Мурињо и неговата Рома се вратија на победите, па по поразот од Наполи, вечерва го совладаа Емполи со 2-0.

Ибањез во втората и Абрахам во шестата минута на асистенции на Пауло Дибала беа стрелци на победничките погодоци.

За Рома ова е дванаеста победа оваа сезона, а со 40 бода е на делбата на втората позиција со Интер, кој утре во дербито на колото ќе се сретне со градскиот ривал, Милан.