МЗТ Скопје Аеродром конечно победи. Македонскиот шампион во натпревар од 18.коло на АБА лигата ја совладаа фаворизираната екипа на Цедевита Олимпија со 79-74.

Аеродромци до својата само до трета победа о регионалното натпреварување стигаа пред своите симпатизери во „Јане Сандански“ и тоа благодарение на новајлијата Кеандре Кук кој по повредата се врати на најдобар можен начин.

Американецот беше прв стрелци со 26 поени и 5 скокови. Одлична партија имаа и Војдан Стојановски кој средбата ја заври со 18 поени и 6 скокови, како и Мајкл Кефи со 14 поени и 5 асистенции.

КЕАНДРЕ КУП (фото – АБА лига)

Сто тоа МЗТ стави крај на лошата серија од вкупно десет порази во низа (сметајќи го и поразот од Гостивар во домашниот шампионат), но што е поважно покажа дека со ваква игра може сериозно да се надева на

МЗТ во следното коло гостува во Бар кај Морнар во петок (18 часот), но претходно во понеделник ќе го одигра натпреварот од домашното првенство, и тоа вечното дерби со Работнички.