Ѕвездениот тим на ПСЖ го преживеа Тулуз и со пресврт запиша нова победа во ЛИГА 1.

Тузул почна одлично, a Ван Ден Бумен во 20-тата минута го шокираше ПСЖ за водство на гостите од 0-1.

Хакими во 38-та минута на асистенција на Меси го изедначи резултатот на 1-1.

За целосен пресврт и победа од 2-1 се погрижи Меси, кој со вистинска магија изнуди овации и апалуз од трибините,.

Со оваа победа ПСЖ отиде на 44 бода и сигурна предност од 8 бода во однос на второпласираниот Марсеј.