Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер со пораз ја започна новата сезона во СЕХА лигата.

Во натпревар од А групата, одигран во Нови Сад, пелистерци беа надиграни од Војводина која ја оствари својата втора победа во оваа конкуренција.

Битолчани лошо го отворија натпревари и во првиот дел имаа неколку пати негатива од 4 гола.
Така беше се со 24.минута кога при резултат 13-9 за противникот зелено-белите направија серија од 5-1 и на полувреме заминаа со израмнети 14-14.

Во второто полувреме. Домаќините беа оние кои направија серија од 5-1, па предноста од четири голови разлика, која зелено-белите постојано ја бркаа, се покажа како клучна, за на крајот Војводина заслужено да слави си конечни 29-25.

Најефикасен во составот на Пелистер беше Ненад Костески кој средбата ја заврши со седум постигнати голови.

Пелистерци од Нови Сад заминуваат за Нашице каде веќе во четврток (2 февруари) ќе ги играат натпреварот против Нексе.

Ден порано (во среда) македонскиот првак Вардар ќе го игра вториот натпревар во СЕХА лигата. По стартниот поразот на гостувањето кај Татран Прешов (27-23), цртвено-црните во СЦ „Јане Сандаски“ го пречекуваат белградски Партизан.