Македонската атлетичарка, Дрита Ислами, постави нов државен рекорд во својата дисциплина.

Ислами патеката од 400 метри во сала, ја претрча за 55,95 секунди, со што го подобри досегашниот државен рекорд од 56.35 кој исто така беше во нејзина сопственост.

Дрита беше видно задоволна од ваквото достигнување со оглед на лошата претходна сезона, во која имаше голем број повреди, кои ја оддалечија од стазите и пропушти низа натпреварувања.

Нема подобро нешто отколку да ја почнам сезоната со Државен Рекорд на 400м во сала 55.95, стариот рекорд беше исто така на моја сопственост 56.35. Овој резултат ми значи многу после една лоша сезона со доста повреди, ми ја врати самодовербата и ме мотивира да продолжам да срушам уште рекорди. Голема благодарност до мојот тренер Aлександра Војнеска која има голема доверба во мене Атлетска Федерација на Македонија и АК Работнички за поддршката“, напиша Ислам на својот ‘Фејсбук’ профил