Македонскиот кошаркарски талент кој игра ,,преку барата”  Андреј Јакимовски, имаше одличен натпревар за својот тим, Вашингтон Стејт Универзитет и со 22 поени ја предводеше својата екипа до 10-ти триумф оваа сезона.

Јакимовски на натпреварот на неговиот тим Вашинготн Стејt Универзитет против Аризона Стејт Девил, имаше одлична шутерска вечер, а неговото најсилно оружје, шутот за три, функционираше. Имено Македонскиот кошаркар погоди дури 5 тројки од 10 шута, што претставува негов најдобар учинок оваа сезона. Јакимовски имаше и два прецизни шута за два и три пати беше прецизен од линијата за слободни фрлања. На тоа додаде и 7 скока и 3 асистенции, за 31 мината на теренот.

Радува формата на нашиот репрезентативец со оглед на повредата на почетокот на сезоната, а како потврда за тоа е двоцифраниот број на поени на 3 од последните 5 натпревари.

Андреј Јакимовски оваа сезона одигра 12 натпревари, а просечно бележи до 7 поени по натпревар, надополнето со 4 скока и 1 асистенција.