Тимот предводен од Чоло Симеоне, конечно проигра и врза втора победа по ред во Шпанска Примера.

Атлетико Мадрид го преболе несреќниот пораз од градскиот ривал во Купот на Шпанија, и денес запиша нова победа, втора по ред во Пример, совладувајќи ја Осасуна на гостински терен со 0-1.

Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Саул Нигез, кој во 74-тата минута го искористи убавото додавање на Родриго Де Паул и мирно реализираше за водство од 0-1, резултат што на крај се покажа како конечен.

Со оваа победа, избраниците на Чоло Симеоне остануваат сигурни на четвртата позиција.