,,Милионерите” врзаа трета победа по ред во Бундес Лигата и се пробија на четврта позиција на табелата. На ,,Баер Арената”‘, го совладаа Баер Леверкузен со 0-2.

Избраниците на Един Терзиќ победата ја најавија во 33-тата минута преку Адејеми на асистенција на Брандт за водство од 0-1. Несреќниот  Тапсоба со автогол на стартот од вториот дел, ја удвои предноста на Борусија Дортмунд за 0-2, а резултатот остана непорменет до крајот.

Со оваа победа табелата на Бундес лигата е во вистински хаос, а Дортумд се проби на делба на четвртата позиција заедно со Фрајбург.

Разликата помеѓу првиот, Баерн Минхен и шестиот Ајтрахт е само пет бода, а измеѓу се, Унион Берлин на втората позиција со 36, Лајпциг со 35, Фрајбург и Б.Дортмунд со 34.